Вчера на регионалниот пат Охрид-Струга, кај место викано „Оровничка плажа“, патничко возило управувано од 32-годишно лице од селото Лабуништа, струшко, удрило во пешакот – 33-годишно лице од Волково, скопско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.