84-годишен скопјанец е теко повреден во автобус на ЈСП. Несреќата се случила при кочење на автобусот, во кој се возел старецот, при што тој се удрил во држачите и веднаш била побарана медицинска помош.
Според полицијата, вчера околу 11 часот е пријавено дека на улица ,,Христо Татарчев” во Скопје, И.Т.(84) од Скопје, патник во автобус на ЈСП, додека автобусот бил во движење, се повредил.
Со возило на брза помош бил пренесен во комплекс клиники ,,Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.