Во поликлиника во Драчево, вчера, бил донесен 62-годишен скопјанец. Тој пристигнал во ходникот од установата каде му се влошила здравствената состојба, по што починал.
Смртта ја констатирал лекар од здравствената установа, но засега нема информации од што починал.
По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на семејството.