Хроника 28. јуни 2020. / 12:30

Скопјанец паднал од мопед и тешко се повредил

Скопјанец паднал од мопед и тешко се повредил

Од  МВР соопштија дека на 27.06.2020 во 15.30 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Дрезденска“ С.Н.(63) од Скопје, управувајќи мопед „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комлексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.