Хроника 17. јуни 2018. / 16:15

Скопјанец падна од мотор – итно пренесен на Клиника

Скопјанец падна од мотор – итно пренесен на Клиника

55-годишниот Д.Б. од Скопје вчера во 6:00 часот, управувајќи мопед „Баотиан“ со скопски регистарски ознаки на улицата „Маџари“ во Скопје, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа, се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан за понатамошно лекување.

Увид на местото на насатнот извршила екипа од СВР Скопје.