Вчера околу 00,10 часот по полноќ во Полициското одделение Зајас, било пријавено дека во село Трнодол во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од страна на У.З. од Кичево, кој бил заедно со уште две лица.
-Тој откако не бил послужен како што побарал, почнал да фрла шишиња и други предмети- се вели во полициското соопштение.
По добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.