Хроника

Скопјанец нападнал полицаец во Гази Баба

Скопјанец нападнал полицаец во Гази Баба

Утрово во 2.40 часот, полициски службеник од Полициската станица Гази Баба физички бил нападнат од лицето Ф.А.(31) од Скопје.

Додека полицискиот службеник се движел кон своето возило кое било паркирано на паркинг простор на улица Лазар Поп Трајков, бил пресретнат и физички нападнат од Ф.А..

Напаѓачот бил совладан и приведен. При приведувањето во полициска станица, Ф.А. во еден момент се оттргнал и физички го нападнал и дежурниот полициски службеник.