Вчера во СВР Скопје, Б.П.(55) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот во куќа ул.„Виктор Иго“, сопственост на нејзиниот поранешен сопруг А.Ц., била физички нападната од нејзиниот син С.Ц.(28) од Скопје.
Според пријавата на скопјанката нападот од нејзиниот син се случил по претходна расправија околу нерасчистени имотно-правни односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.