Хроника 23. јули 2018. / 10:27

Скопјанец итно пренесен во болница: Излетал од пат и удрил во бетон

Дваесет и седумгодишно момче од Скопје со автомобил излетало од улицата која ги поврзува регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со ЈП “Дрисла“.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера вечер околу 23 часот, кога Е.З. (27) со автомобил „лада“ излетал од коловоз и удрил во одводна бетонска шахта за атмосферски води. Во автомобилот имало уште едно лице, кое заедно со возачот биле пренесени во болница.

Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.