Хроника 01. јули 2018. / 20:32

Скопјанец го извадиле од дискотеката на сила, па со клоци и тупаници го удирале по глава

Скопјанец го извадиле од дискотеката на сила, па со клоци и тупаници го удирале по глава

Рано утринава во 03 часот и 50 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје М.М.(31) пријавил дека истиот ден околу 03,30 часот додека бил во ноќен клуб во село Марино од страна на сопственикот на локалот бил насилно изваден од локалот, а потоа бил физички нападнат со тупаници и клоци во пределот на главата и телото од едно лице од обезбедувањето на клубот, се вели во соопоштението од МВР.

Со возило на Итна медицинска помош М.М. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.