Хроника 27. август 2020. / 19:59

Скопјанец е уапсен на Малта како осомничен за убиство на партнерска двојка хомосексуалци

Скопјанец е уапсен на Малта како осомничен за убиство на партнерска двојка хомосексуалци

Виктор Драгомански, обезбедувач на угостителски објект на Малта е уапсен под сомнение за двојно убиство извршено во островската држава, објави TVM од Малта, пишува Телма.

Драгомански според првичните податоци е македонец од Скопје, а за двојното убиство извршено пред 8 дена исто така е осомничен албанскиот државјанин Даниел Мука.

Според медиумите на Малта, Драгомански се криел во хотелот Гзира каде е уапсен.

Жртвите на двојното убиство се партнерска двојка хомосексуалци, др Кристијан Пандолфино и британецот со полски корени Ивор Мациејовски. Двајцата се убиени пред 8 дена, едниот е најден на првиот кат во заедничкиот дом, додека телото на втората жртва е откриено на вториот кат во куќата во градот Слиема во Малта. Пред да бидат откриени убиените се слушнале истрели во куќата.

Жртвите биле во врска 4 години, Пандолфино бил лекар кој се префрлил во друга дејност и сега се занимавал со инвестирање во банки и фондови, а Мациејовски бил дилер и продавач на дела од современа уметност. Досега полицијата на Малта не соопшти детали за евентуалните мотиви за убиството за кое денеска е уапсен и македонецот Виктор Драгомански, пишува Телма.