Хроника 09. август 2018. / 10:51

Скопјанец е тешко повреден – со возилото удрил во паркиран камион

Скопјанец е тешко повреден – со возилото удрил во паркиран камион

Вчера во 22.40 часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје-Хец „Козјак“ и улица 1 во с.Батинци, возило „тојота јарис“ со скопски таблици, управувано од Н.Н. (22) од Скопје удрило во паркирано товарно возило „ман“ со скопски таблици, паркирано од М.О. (49) од Скопје.

По незгодата, Н.Н. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во приватната здравствена установа „Аџибадем Систина“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.