Хроника 16. февруари 2019. / 16:59

Скопјанец доживеа хорор од неговиот сосед – еве што му се случи

Скопјанец доживеа хорор од неговиот сосед – еве што му се случи

Вчера во 21:00 часот 20-годишниот Д.В. од Скопје, пријавил дека околу 19:30 часот додека бил во неговиот дом на улица „30“ во Радишани, слушнал викање од дворот, при што го забележал соседот, 51-годишниот Д.И. како со лопата удирал по оградата и упатувал навредливи зборови.

Во еден момент Д.И. со лопата го удрил пријавителот.

По преземени мерки Д.И. е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.