Хроника 04. октомври 2019. / 21:17

Скопјанец бил физички нападнат од двајца насилници кои барале да им препише имот

Скопјанец бил физички нападнат од двајца насилници кои барале да им препише имот

Скопјанец бил физички нападнат од двајца насилници кои барале да им препише имот. Во 15 часот во Полициската станица Гази Баба, 21-годишниот Ф.К. од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од Е.А. М.И. двајцата од Скопје.

Според пријавеното, тие барале од него да им препише движен и недвижен имот, а кога отишле пред нотарска канцеларија, лицата побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.