Не престануваат видеата со криминална содржина на социјалната мрежа ТикТок каде нејзините корисници често се фалат со своите нелегални постапки. Во последното од низата вакви видеа, се гледа мало дете кое со помош на двајца возрасни мажи пука со пиштол, пишува Сител.
Како што јавуваат дел од медиумите, но и според пишувањата на социјалните мрежи, видеото најверојатно е направено во Тетово.
Луѓево се од Тетово.
Ја би им одзел старателство одма.
ТОЛКУ.🤮🆘️🚨 pic.twitter.com/Fly9YnA7FY— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) January 2, 2021