Хроника 14. мај 2018. / 14:45

Скандал во училиште во тетовско: Наставник удрил ученик од клупа и му скршил заб

Скандал во училиште во тетовско: Наставник удрил ученик од клупа и му скршил заб

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Б. (56) од с. Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата”.

На 13.март околу 11.00 часот во основното училиште во с. Желино, тетовско, пријавениот, кој е наставник во училиштето, за време на час удрил еден ученик по задниот дел од главата, при што тој удрил во клупата и му бил скршен заб.