Хроника 13. април 2020. / 10:00

Синоќа приведени 134 лица кои ја прекршиле забраната за движење

Синоќа приведени 134 лица кои ја прекршиле забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Истотака според статистичките податоци не се издадени решенија за изолација, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација, велат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.