Хроника 02. март 2019. / 10:53

Синоќа избил пожар во пекара на „Специјал“ во Скопје

Синоќа избил пожар во пекара на „Специјал“ во Скопје

Синоќа избил пожар во пекара на „Специјал“ на улицата “11 Октомври” во центарот на Скопје.

Според првичните информации, пожарот избувнал од оџакот, но истиот бил брзо локализиран од скопските противпожарни единици со 2 возила.

За сега има само информации дека е причинета материјална штета од околу 40 000 денари.