Хроника 19. мај 2020. / 13:11

Синиша Алексовски не ја снимал поворката на Џафери, утврдила контролата, полицајците на дисциплинска

Синиша Алексовски не ја снимал поворката на Џафери, утврдила контролата, полицајците на дисциплинска

Полицајците Н.А. и Х.И. како и началникот М.А. ги пречекориле полициските овластувања во случајот со разузнавачот Синиша Алексовски кој бил осомничен дека неовластено ја снима колоната возила во која бил и претседателот на Собранието Талат Џафери, пишува во извештајот на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККПС). Полицајците, според извештајот, го прекршиле законот во постапувањето со Алексовски, пренесува мкд.мк.

Одделот за внатрешна контрола овој извештај го изготвила по претставката поднесена од Синиша Алексовски. Во извештајот се констатира пречекорување на полициските овластувања и се бара спроведување на постапка за дисциплинска одговорност, а известување ќе поднесе и до одделението за гонење на кривични дела сторени од полициски службеници во Јавното обвинителство.

Целата вест можете да ја прочитате на сајтот на Мкд.мк