Професорката и кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова изрази длабоко сочуство до семејствата на загинатите во несреќата кај Ласкарци.
– Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во страшната несреќа.
Во овие тешки мигови за Македонија моите мисли и чувства се со семејствата на починатите и со повредените на кои им посакувам брзо оздравување. – напиша Силјановска на Фејсбук.