Штипјанец (49) тешко е пореден откако во четвртокот на регионалниот пат кон Неготино, со својата „сеат кордоба” изгубил контрола и удрил во бетонски браник.
Во незгодата возачот добил тешки телесни повреди и бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница Штип. Извршен е увид на местото на настанот.