Хроника 23. август 2018. / 14:23

Штипјанец нападнал полицаец на патот Штип-Велес

Штипјанец нападнал полицаец на патот Штип-Велес

Нападнат полицаец за време на работната должност на патот Штип – Велес, штипјанец си заработи кривична пријава.

Според информациите на полицијата, утринава околу 02.10 часот на магистралниот пат Штип –Велес, во близина на населба „Три чешми“, при сообраќајна контрола од страна на полициски службеници на Б.И. (44) од Скопје кој управувал патничко возило „Алфа“, на местото дошол Д.Т. (51) од Штип, кој физички нападнал еден од полициските службеници.

Тој бил совладан и приведен во Полициската станица Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.