Хроника 04. април 2019. / 11:44

Штипјанец доби кривична оти ширел расизам на „Фејсбук“

Штипјанец доби кривична оти ширел расизам на „Фејсбук“

До Основното јавно обвинителство Штип поднесена е кривична пријавa против 20-годишен штипјанец со иницијали С.Ш. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Од МВР велат дека на 16 март пријавениот на неговиот профил на „Фејсбук“ објавил коментар и слика со која ширел расистички и ксенофобичен материјал и поттикнувал омраза и насилство.