Хроника 08. јули 2019. / 13:18

Шлепер се преврте на патот Кичево-Охрид – возачот го немало во возилото

Шлепер се преврте на патот Кичево-Охрид – возачот го немало во возилото

Камион шлепер излетал и се превртел крај патот на патниот правец Кичево-Охрид, објави АлсатМ.

Сѐ уште не е познато дали возачот претрпел повреди бидејќи него го немало ниту во кабината ниту крај возилото. На местото на несреќата се собрани случајни минувачи и полициски екипи.

Повеќе детали се очекуваат подоцна во тек на денов.