Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов синоќа на социјалните мрежи се пофали дека МВР го пронашла возачот на „Бентли“ автомобилот кој влета на плоштадот.
Вчера на социјалните мрежи се прошири видео на кое може да се види како возач на „Бентли“ автомобил исплаши граѓани на плоштадот во Скопје возејќи со поголема брзина. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Петре Шилегов набрзо потоа ја известија јавноста дека возачот е пронајден и казнет.
Сепак, граѓаните се крајно незадоволни од висината на казната која, верувале или не, изнесува само 45 евра, потсетувајќи дека во западна Европа за вакво нецивилизирано дело се оди во затвор.
Денеска, скопскиот градоначалник порача дека казната од 45 евра е првична и нагласи дека постојат елементи на кривично дело.
-Постојат и елементи на кривично дело и тоа ќе биде процесуирано. Минимумот е прекршочна постапка и глоба од 45 евра, изјави Шилегов.