Шестнаесетгодишно момче било физички нападнато во скопско средно училиште од страна на две лица. Настанот се случил на булеварот „Трета Македонска Бригада“, а случајот во полицијата го пријавил таткото на нападнатиот тинејџер.
Од МВР информираат дека работат на расчистување на случајот.