Општинскиот и државниот инспектор за животна средина поднеле шест прекршочни пријави против лица од Костурино за горење стари гуми и тие ќе добијат налози за плаќање глоба во висина од 200 евра, јави телевизија Сител.
Овој надзор на Инспекторатот доаѓа по пријавата од 15-ти овој месец, кога во селото беа запалени 300 стари гуми, во чие гасење мораше да интервенира и ТППЕ од Струмица.
Работилницата за вар е стар, познат загадувач на воздухот, бидејќи со децении користи стари гуми во процесот на правење вар како евтина алтернатива за дрво.