Хроника 15. ноември 2018. / 10:58

Шест лица се повредени во тешка сообраќајка во Скопје

Шест лица се повредени во тешка сообраќајка во Скопје

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 19:30 часот на крстосницата од булевар „Никола Карев“, улица „Самоилова“ и улица „Максут Садик“ во Скопје.

Од полицијата информираат дека во сообраќајна незгода учествувале патничко возило „Рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(51) од Кочани и патничко возило „Шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Г.(26) од село Буковиќ, скопско.

Од незгодата со повреди се здобиле возачот Б.А. и сопатниците во возилото „Рено трафик“, М.Ј.(56), Л.Т.(33), Е.Г.(35) и Г.Г.(69), сите од Кочани.

-Л.Т. и Е.Г. биле пренесени во приватната здравствена установа „Жан Митрев“ каде им била укажана лекарска помош. Кај Л.Т. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Е.Г. биле констатирани телесни повреди. Б.А. и Г.Г. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. М.Ј. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Возачот  С.Г. со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.