Во Тетово и Гостивар вчера била спроведена акциска контрола за техничка исправност на автобуси кои вршат јавен превоз на патници. Од 50-те контролирани возила во тетовското подрачје кај шест е утврдена техничка неисправност на сопирачките, поради што се исклучени од сообраќај и на возачите им се изготвени прекршочни платни налози.
Во акцијата откриени се и четири возила со неатестирани фолии, пет погрешно паркирани возила, едно возило со претовар и други прекршоци, кои се заокружени со соодветни поднесоци.
Со гостиварската контрола, пак, вкупно било опфатено 31 возило, од кои четири биле со неисправни сопирачки, едно со истечена регистрација и едно со неизвршен технички преглед.На шестмина возачи изготвени им се прекршочни платни налози, додека пет возила веднаш се исклучени од сообраќај.