Млад скопјанец е пријавен за исчезнат, информира МВР.
Вчера во 23:00 часот 51-годишниот И.С. од Скопје во Полициската станица Гази Баба пријавил дека неговиот син 27-годишниот А.С. се оддалечил од домот.
Според пријавеното, А.С. имал здравствени проблеми и повеќе пати претходно се оддалечувал од домот и се враќал.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.