Хроника 29. декември 2020. / 12:56

Семејна драма во Неготино: Син ја истепал својата мајка

Семејна драма во Неготино: Син ја истепал својата мајка

Неготинка вчера пријавила физички напад од својот син, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Вчера во Полициската станица Неготино, 70-годишна неготинка пријавила дека, околу 15 часот била физички нападната од нејзиниот син Љ.Т.(47), рече Додевски.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.