Хроника 29. јули 2018. / 16:31

Селата во тетовско пијат бактериолошки неисправна вода

Селата во тетовско пијат бактериолошки неисправна вода

Речиси 90 % од водоводните системи во селата во тетовско ги менаџираат месните заедници, иако со нив според законските нормативи треба да управуваа јавните комунални претпријатија. Ваквата состојба на терен доведува до недоволна заштита на системите, пред се поради финансика немоќ на селските одбори за нивно одржуање, велат од центарот.

Загаденоста е резултат на незаштитените селски водоводни системи, кои не се дезинфицираат редовно и во случај на поголеми поројни дождови и зголемување на водостојот на подземните води, доаѓа до мешање и загадувавње на изворите со вода, велат од Центарот.

65 % од водата за пиење во руралните општини во тетовско е микробиолошки загадена, покажуваат последните податоци на Центарот за јавно здравје Тетово. Ешерихија коли и колимфорни бактерии најчесто се јавувале кај земените 83 мостри од водата за пиење. Досега не се регистрирани поголеми последици по здравјето на луѓето, и преземени се потребните мерки

Голем дел од  јавните комунални претпријатија од руралните општини од тетовско, не можат да ги земат под своја капа водоводните системи. Месните заедници најчесто се правдаат дека водоводите биле изградени со пари од мештаните, и со нив немаат право да управуваат локалните самоуправи. Најголем отпор пружаат жителите од Боговиње кои неколку години протестираат, поради обидот општината да им го земе селскиот водовод.

Додека се чека да се спроведе законот, жителите од тетовско ќе пијат микробиолошки загадена вода, која е присутна и во повеќе од 65 % од селските водоводи, ако се земе предвид фактот што голем дел од јавните претпријатија не склучуваат редовни договори за испитување на водата за пиење со Центарот за јавно здравје.