Хроника 12. јануари 2020. / 22:25

Седумдесет и шестгодишен пешак загина од автомобил управуван од малолетник

Седумдесет и шестгодишен пешак загина од автомобил управуван од малолетник

Седумдесет и шестгодишен пешак од тетовско Камењане загина откако бил удрен од автомобил управуван од малолетник.

– Сообраќајна несреќа е пријавена во 17 часот во СВР Тетово. Возило ‘рено клио’ со тетовски таблици на регионалниот пат Тетово-Камењане управувал малолетник од Камењане и удрил во пешакот Ќ.О (76). Пешакот добил тешки телесни повреди, по што е пренесен е во клиничка болница Тетово каде дежурен лекар констатирал смрт – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Возачот е приведен во СВР Тетово.

Увид извршиле полициски службеници на СВР Тетово во содејство со јавен обвинител.