Хроника 06. јуни 2018. / 14:51

Седела со пријателот на паркинг во Скопје – одеднаш тој ја претепал

Во 21,40 часот од Ургентен Центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека кај нив билa донесенa повреденa 33-годишната Е.С.

Со неа бил извршен разговор во кој изјавила дека истиот ден околу 20 часот на паркинг во Скопје додека била во нејзиното возило заедно со нејзиниот пријател, 46-годишниот С.Т. во еден момент тој физички ја нападнал.

Се работи на целосно расчистување на случајот.