Синоќа во 04:20 часот во Полициската станица Ресен, 21-годишниот И.С. пријавил дека околу 01:50 часот во угостителски објект во Ресен непознато лице кое седело до масата на пријавителот најпрвин почнало да фрла со шишиња кон пријавителот, а потоа и физички го нападнал.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.