Хроника 19. август 2019. / 16:18

Се заразил во Македонија: 66-годишниот скопјанец со западнонилска треска се уште во критична состојба

Се заразил во Македонија: 66-годишниот скопјанец со западнонилска треска се уште во критична состојба

Сè уште е критична здравствената состојба на 66-годишниот човек од Скопје кај кого беше потврдена нилска треска, објави Канал 5.

Од Инфективната клиника објаснуваат дека дополнително состојба се отежнува поради претходните здравствени проблеми што ги имал човекот.

Човекот не ја напуштил земјата, бил на одмор во Македонија. Епидемилозите велат дека во рој на комарци може да има еден комарец кој се заразил со треска и да го пренесе. Но најмногу зависи каква е здравствената состојба на човекот.

Од клиниката за Инфективни болести велат дека досега нема најава ниту потврда за нови случаи со нилска треска.