Во 21.30 часот во Полициска станица Штип бил пријавен пожар кој настанал околу 19.20 часот во просторија во зграда (стар диспанзер) на улица „Партизанска“ во Штип.
Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Противпожарна единица Штип.
Извршен е увид на местото на настанот.
Се работи на расчистување на случајот.