На 19.01.2019 година во 16.05 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар на булевар „1-ви Мај“ во Битола во објект-пилана, сопственост на приватна фирма.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од СВР Битола.