Две непознати лица рано изутрината извршиле разбојништво и одзеле шест илјади денари од бензинска пумпа на улицата Перо Наков во Скопје, соопшти полицијата.
Во Секторот за внатрешни работи Скопје во 4.15 часот било пријавено дека на бензинската пумпа на улицата Перо Наков две непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво и одзеле 6.000 денари по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот.