Хроника

Се влечеле за коси: Колешки се степале во Скопје

На 16.04.2018 година во 00.10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул. „Христо Татарчев“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата Б.Ј.Т.(46) и К.Г.(22).

Тие имале несогласување околу секојдневното работење во угостителскиот објект и почнале да се влечат за коса и меѓусебно да се буткаат, при што К.Г. се здобила со видливи повреди.

По целосното документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.