Хроника 03. август 2020. / 09:59

Се уште се трага по 16-годишното момче кое се удави во Преспанското езеро на Илинден

Се уште се трага по 16-годишното момче кое се удави во Преспанското езеро на Илинден

Полицијата сè уште трага по шеснаесет годишното момче од Ресен, кое вчера доцна попладне исчезна во водите на Преспанското езеро, во туристичката населба Претор.

Според полицијата најпрво се превртела педалинка на која се возеле три деца, по што едно момче исчезнало, а случајот го пријавиле од Итната медицинска помош вчера околу 18 часот.