Хроника 20. јуни 2019. / 14:42

Се судрија велосипеди во Скопје – едно лице повредено

Се судрија велосипеди во Скопје – едно лице повредено

Жена повредена во Скопје откако управувајќи со велосипед се сурдила со друг велосипед.

 

Во 17,15 часот во СВР Скопје од комплексот клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди била донесена 37-годишната Е.С. од Скопје, која, според пријавеното се здобила со повреди откако управувајќи велосипед удрила во друг велосипед, управуван од 11 годишен малолетник, на локалниот пат село Долно Лисиче-Горно Лисиче.

Се работи на расчистување на случајот.