На 27.12.2018 година во 11:30 часот на крстосницата од регионалиниот пат Струга – Дебар со локалниот пат за село Враништа, се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно моторно возило „Мерцедес“, управувано од Р.Ќ.(45) од село Враништа, патничко моторно возило „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(57) од село Велешта, патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Ш.K.(45) од село Велешта.
Настрадал пешакот Н.Б.(65) од село Враништа, кој е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.