Хроника 18. јануари 2019. / 10:10

Се судрија пикап и автобус во кратовско, повредени три лица

Се судрија пикап и автобус во кратовско, повредени три лица

Три лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која вчера во 9:15 часот се случила во село Кетеново, кратовско.

Несреќата се случила меѓу патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(40) од Скопје и автобус „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(25) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.И.(57) од  Скопје, сопатник во патничкото возило, додека Д. К.(83) од Скопје и Г.Ј.(24) од Скопје, исто така, сопатници во патничкото возило, се здобиле со телесни повреди, информираат од МВР.

Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени  во болницата „Св.Наум“ каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кратово.