Хроника 09. мај 2018. / 21:09

Се самоуби 91-годишен скопјанец

Се самоуби 91-годишен скопјанец

Деведесет и едно годишен скопјанец вчера извршил самоубиство, посегнувајќи си по животот со огнено оружје, соопшти МВР.

Во СВР-Скопје вчера во 17:30 часот е пријавено дека на улицата „Методија Митевски“, Ѓ.П. извршил самоубиство со огнено оружје.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.