Хроника 16. May 2019. / 11:28

Се преврте трактор поради лизгање на земјиште во кочанско – еден повреден

Се преврте трактор поради лизгање на земјиште во кочанско – еден повреден

Во 11.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на некатегоризиран пат од правец на селото Зрновци кон браната „Зрновска река“, поточно кај местото викано „Бузовачки дол“, атар на село Зрновци, поради лизгање на земјиште од патот дошло до превртување на трактор со приколка, управуван од 38-годишниот Ѓ.С. од селото.

Ѓ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.