Хроника 16. февруари 2021. / 09:17

Се истражува нова, нелегална ординација во куќа на колешка на гинекологот Асани

Се истражува нова, нелегална ординација во куќа на колешка на гинекологот Асани

Инспектори на ДСЗИ вчера извршиле вонреден инспекциски надзор во објект во Струга за кој постои сомнение дека е нелегална гинеколошка ординација.  Неофицијално станува збор за докторка која работела во струшката болница, но пациенти примала и дома, информира МКД.мк

Надзорот бил ивршен по пријава на пациентка. Полицијата во Охрид потврди дека полициски службеници асистирале во надзорот на барање на инспекторите на ДСЗИ.

Пред еден месец ДСЗИ исто така изврши вонреден надзор во домот на директорот на општата болница во Струга, Мухамед Асани,по пријава на пациентка која се пожали дека по породувањето останала без бубрег, матка и јајник, Мухамед Асани, беше откриена нелегална гинеколошка ординација.