Хроника 11. ноември 2020. / 11:19

Санкционирани 569 граѓани за неносење маска

Санкционирани 569 граѓани за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие, на територија на државата регистрирани се вкупно 569 прекршоци, по однос на мерката за носење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.