Хроника 22. август 2020. / 16:23

Саксии со „канабис сатива“ пронајдени во кичевско

Саксии со „канабис сатива“ пронајдени во кичевско

Саксии со „канабис сатива“ се пронајдени вчера во периодот од 18:30 до 19:30 часот на местото викано Арсланови ливади меѓу селата Србица и Ново Село, кичевско. 

Акцијата е спроведена од страна на полициски службеници од Полициската станица Кичево по претходно преземени оперативни мерки, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.