Жител на село Звегор, делчевско, со 500 денари сакал да подмити цариник на граничниот премин „Делчево“ за да внесе жива птица од Бугарија во земјава, за која немал дозвола.
Според информациите на МВР, завчера на влез во земјава од страна на царинскиот службеник при контрола на возило управувано од Д.Г.(55) од село Звегор, делчевско, била пронајдена жива птица, при што на Д.Г. му било укажано дека доколку не поседува документи за птицата, истата треба да ја врати назад во Бугарија.
При евидентирањето во царинската евиденција, цариникот забележал дека во патната исправа на Д.Г. биле ставени 500 денари. По ова, Д.Г. бил приведен.